Collector
Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км победи на ХалкЕко Скопје трча 10км | Collector
Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км победи на ХалкЕко Скопје трча 10км
Kurir

Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км победи на ХалкЕко Скопје трча 10км

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со нов државен рекорд на 10 км – 29 минути и 34 секунди денес победи на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 секунди. На трката учествуваа над 2000 тркачи од 16 земји. Трката и оваа година го потврди својот меѓународен карактер и статусот на еден од најзначајните атлетски настани во земјава. Во машката трка втор на целта пристигна Димитар Илиев со резултат 32,27 мин., додека трет беше Муџахед Мислими со време од 32,49 мин. Второпласирана во женска конкуренција беше Србинката Теодора Симовиќ (36,44 мин.), а третото место го освои македонската атлетичарка Фросина Михајловска со време 40,30 мин. Освојувачите на првите пет места во машка и женска конкуренција добија парични награди, а со дипломи и пехари беа наградени освојувачите на првите три места во возрасните категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 год., и 55+ год.

Go to News Site