Kurir
Иранската државна телевизија денеска објави дека шефот на вооружените сили Али Абдолахи се сретнал со врховниот лидер Моџтаба Хамнеи. Хамнеи му дал „нови директиви и упатства“ за продолжување на операциите против „непријателот“. Не е прецизирано кога или каде се одржал состанокот. Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста откако стана врховен лидер во март. Според извештаите, тој бил ранет во нападите на првиот ден од војната во која беше убиен неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи. Моџтаба Хамнеи досега издаваше само писмени изјави. Новинската агенција Фарс објави дека Абдолахи, кој командува со Централната команда Хатам ал-Анбија, го информирал Хамнеи за подготвеноста на иранските вооружени сили. - Вооружените сили се подготвени да се соочат со какви било дејствија на американско-ционистичките непријатели. Во случај на грешка од страна на непријателот, одговорот на Иран ќе биде брз, суров и решителен, иостакнал Абдолахи.
Go to News Site