Collector
Повредени пешаци: Скопјанец со патничко возило удрил во нив | Collector
Повредени пешаци: Скопјанец со патничко возило удрил во нив
Kurir

Повредени пешаци: Скопјанец со патничко возило удрил во нив

Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Аугуст Цезарец“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци - 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Go to News Site