Kajgana
Унгарија прави пресврт: Крај на уцените врз Европската Унија Александра Спасеска 11.05.2026 / 12:05 Свет Унгарската министерка за надворешни работи, Анита Орбан, најави пресврт во надворешната политика на Будимпешта. Пред денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, таа изјави дека нејзината земја повеќе нема да го користи ветото како инструмент за уцена и ќе работи на враќање на довербата со партнерите во Европската Унија и НАТО, пишува Українська правда . Орбан нагласи дека Унгарија „премногу често станувала пречка во европскиот процес на донесување одлуки“. „Не го користевме ветото како последно средство, туку за политички ПР“, рече таа. Во врска со Украина, Орбан објасни дека Будимпешта ќе ја поддржи нејзината понатамошна интеграција во ЕУ исклучиво врз основа на „строг национален интерес“. Таа додаде дека Унгарија ќе продолжи да бара дополнителни права за унгарското малцинство во Украина. Овие изјави доаѓаат по промената на владата во Унгарија. Виктор Орбан, кој владееше со Унгарија 16 години, беше поразен на изборите. Петер Маѓар, лидер на до неодамна опозициската партија Тиса, завчера положи заклетва и официјално ја презеде функцијата. Пред тоа, на конститутивната седница на парламентот беше избрана нова претседателка, а една од нејзините први одлуки беше да го врати знамето на Европската Унија во зградата на парламентот. Унгарија ЕУ Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site