Collector
Зголемени мигрантските бранови кај грчкиот остров Крит | Collector
Зголемени мигрантските бранови кај грчкиот остров Крит
Kurir

Зголемени мигрантските бранови кај грчкиот остров Крит

Во три одвоени случаи, со четири чамци, претпладенво во морскиот дел во близина на грчкиот остров Крит пристигнале речиси 200 мигранти, кои биле спасени и безбедно пренесени на пристаништа, додека пак според државната телевизија ЕРТ во текот на вчерашниот ден пристигнале пет чамци со над 250 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на денешните случаи, според крајбрежната служба на Грција, станува збор за четири чамци на југот на Крит: со 44, 56 и два со вкупно 97 лица, од кои три биле откриени во морскиот дел кај местото Кали Лимени и еден во близина на градот Јерапетра. Спасувачката акција била водена од Центарот за координација на потраги и спасување при крајбрежната служба на Грција, си помош на брод на силите на Фронтекс. Освен денешните, вкупно 197 лица, во текот на вчерашниот ден, според државната телевизија ЕРТ, во близина на Крит биле откриени и спасени 278 мигранти, кои пристигнале со пет чамци. (МИА)

Go to News Site