Collector
Гувернерот Славески на средба со австралискиот амбасадор, во фокусот можностите за унапредување на соработката | Collector
Гувернерот Славески на средба со австралискиот амбасадор, во фокусот можностите за унапредување на соработката
Kurir

Гувернерот Славески на средба со австралискиот амбасадор, во фокусот можностите за унапредување на соработката

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, остварил средба со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел, на која биле разгледани тековната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување. - Во фокусот на разговорите беа макроекономските движења и предизвиците со кои се соочуваат и двете економии, особено по последните случувања на Блискиот Исток. Дополнително, разговарано беше и за можностите за унапредување на економските врски преку зголемена инвестициска присутност на австралиските компании во земјата. Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за соработка помеѓу централните банки на двете економии. Особено се нагласи и значењето на македонската дијаспора во Австралија како фактор што придонесува за економски поврзувања, вклучително и преку дознаки, бизнис-иницијативи и инвестициски текови,  стои во објавата на Народната банка на „Фејсбук“. Средбата била оценета како конструктивна во насока на натамошно продлабочување на економскиот дијалог меѓу двете земји.

Go to News Site