Collector
Багаи: Иранскиот предлог за завршување на војната беше дарежлива и одговорна понуда | Collector
Багаи: Иранскиот предлог за завршување на војната беше дарежлива и одговорна понуда
Kurir

Багаи: Иранскиот предлог за завршување на војната беше дарежлива и одговорна понуда

Иранскиот предлог за завршување на војната со САД и повторно отворање на Ормуска Теснина беше легитимно барање, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи. - Сигурно преминување низ Ормуска Теснина и воспоставување на безбедност во регионот и во Либан беа другите барања на Иран, што се смета за дарежлива и одговорна понуда за регионалната безбедност, истакна Багаи. Тој додаде дека Техеран бара и ослободување на иранските средства „што се неправедно замрзнати во банките под американски притисок“. Багаи ја предупреди Европа да се воздржи од потези кои би ги загрозиле нејзините интереси, - Како што реков, оваа војна не е само неетичка, туку и нелегална. САД и Израел почнаа агресија против Иран, европските земји не треба да бидат измамени и вовлечени во оваа ситуација, посочи Багаи, додавајќи оти Иран од државите очекува „одговорно да постапуваат“

Go to News Site