Collector
Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО? | Collector
Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?
Kajgana

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО? Филип Здравески 11.05.2026 / 14:58 Свет Пентагон објави огромна архива на претходно доверливи документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи децениски описи на видувања пријавени од цивили на Земјата и астронаути. Овие документи, кои опфаќаат повеќе децении, се декласифицирани и објавени на интернет по налог на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно годинава ја најави нивната објава „со оглед на огромниот интерес“. Соединетите Држави во последниве години доживуваат повторен пораст на јавниот интерес за вонземен живот. Конгресот во 2022 година, по 50 години, ги одржа првите сослушувања за НЛО, а војската вети поголема транспарентност на оваа тема. Вкупно 162 досиеја се достапни на новата интернет страница на Министерството за одбрана, а најавено е дека наскоро ќе бидат објавени уште материјали. Објавата доаѓа откако и поранешниот претседател Барак Обама поттикна интерес со изјавата дека вонземјаните се „реални, но не сум ги видел“, иако подоцна појасни дека статистички постои голема веројатност за живот некаде на друго место, но дека тој не видел докази за тоа за време на неговиот мандат. Астронаутите на Apollo опишувале блесоци на светлина Архивата содржи досега доверливи транскрипти од разговори на астронаутите од мисиите Apollo 11, Apollo 12 и Apollo 17, кои слетаа на Месечината во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Баз Олдрин, славниот астронаут на мисијата Apollo 11, во интервју од 1969 година, кое сега е објавено, изјави дека за време на патувањето кон Месечината забележал неколку необјасниви појави. „Набљудував нешто што изгледаше како многу светол извор на светлина, што привремено го припишавме на можен ласер“, рече тој. Транскриптите покажуваат дека астронаутот на мисијата Apollo 12, Алан Бин, кој одеше по Месечината во 1969 година, изјавил дека видел честички и блесоци на светлина како „пловат низ вселената“. Се чинело, според него, како да „излегуваат од Месечината“. Двајцата астронаути на мисијата Apollo 17 во 1972 година, исто така, известиле за треперливи светла. „Изгледа како Четврти јули!“, рече астронаутот Џек Шмит, додавајќи сепак дека светлината би можела да биде одраз од парчиња мраз. Во друг објавен документ, аудио снимка од вселенскиот лет Gemini VII од 1965 година, забележан е разговор на астронаутот Френк Боман со контролата на Земјата. Тој ја известува контролната соба на НАСА за видување на неидентификуван објект, опишувајќи „чудовиште“ и „милијарди ситни честички“ лево од вселенското летало. Remote video URL Воени видувања и нерешени случаи Меѓу објавените извештаи се наоѓаат десетици индивидуални сведоштва за видувања на неидентификувани аномални појави (УАП). Во едно досие стои дека маж во 1957 година му рекол на ФБИ дека бил сведок на излегување на големо кружно возило од земјата. Тука се и понови интервјуа од 2023 година во кои американски граѓани зборуваат за метални објекти кои лебдат во воздухот и се материјализираат среде силна светлина. Архивата вклучува и видео записи кои ги снимиле американските вооружени сили на Блискиот Исток во 2022 година. Снимките од Ирак, Сирија и Обединетите Арапски Емирати прикажуваат она што страницата на Пентагон го опишува како „неидентификувана и неразјаснета аномална појава“. На една снимка од 2022 година од неоткриена локација на Блискиот Исток се гледа овален објект како го преминува екранот, што во придружниот извештај е означено како „потенцијален проект за проектил“. Новите материјали содржат и извештаи на пилоти за триаголен и метален УАП над Средоземното Море, како и за светлечки објект „во облик на фудбалска топка“ (се мисли на овалната топка за НФЛ) кој нечујно се движел низ забранет воздушен простор во близина на Јапонија. Пентагон призна дека многу од објавените досиеја се однесуваат на „нерешени случаи“ во кои владата не можела дефинитивно да ја утврди природата на набљудуваните појави. Поделени реакции: Добар почеток или одвлекување на вниманието? Републиканскиот застапник од Тенеси, Тим Бурчет, кој и претходно се залагаше за поголема транспарентност на владата за НЛО, ја поздрави објавата на досиејата, нарекувајќи ја „многу добар почеток“ во објава на мрежата Х. Републиканката Ана Паулина Луна, застапничка од Флорида, исто така се залага за транспарентност по ова прашање и ја нарече објавата „огромен прв чекор во вистинската насока“. Меѓутоа, поранешната застапничка Марџори Тејлор Грин, некогашна сојузничка на Трамп, изјави дека објавата го одвлекува вниманието од поитните проблеми со кои се соочуваат Американците, како што се растот на цените и војната во Иран. „Доста ми е од пропагандата ’погледнете го сјајниот предмет’“, напиша Грин на Х. Што значи објавата за уфолозите? Објавата на документите со нетрпение ја очекуваше заедницата на уфолози. Истражувачите и ентузијастите веруваат дека ова е чекор кон поголема транспарентност и одговори за тоа што се случува „таму горе“. „Додека претходните администрации не успеаја да бидат транспарентни по ова прашање, благодарение на овие нови документи и видео записи, јавноста може да создаде сопствено мислење: ’НО, ШТО СЕ СЛУЧУВА?’“, напиша Доналд Трамп на Trouth Social по објавата на документите. „Забавувајте се и уживајте!“ Џон Ерик Еге, регионален директор на МУФОН за Тексас, рече дека е „заинтригиран“. „Мислам дека тоа е чекор во вистинската насока. Не мислам дека се обидуваат нешто да скријат, но информациите што ги објавуваат се работи кои ги знаеме веќе долго време. Нема нови детали. Нема цврсти докази дека имаат тела или дека воспоставиле контакт, но се надевам дека одиме во вистинската насока“, рече Еге. И покрај откривањето на доверливи воени информации и сведоштва, објавената архива не содржи никакви револуционерни откритија ниту потврда за постоење на вонземен живот. Сепак, таа претставува најновото и најјасно признание на американската влада дека истражувала видувања на неидентификувани објекти. НЛО Пентагон Доналд Трамп Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On

Go to News Site