Kurir
Британското Министерство за финансии соопшти дека воведе нов пакет санкции против Русија, при што се опфатени 85 лица и организации. Санкции се воведени и против комесарката за правата на децата во регионот Новосибирск, Надежда Болтенко, како и комесарката за правата на децата во регионот Херсон, Ирина Кравченко. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Лондон вовел санкции против психијатриска болница. - Кога владата на Стармер воведува санкции против психијатриската болница, време е Лондон да си повика брза помош, истакна Захарова. (МИА)
Go to News Site