Collector
ГРК Охрид ќе игра за трофејот во Европскиот Куп во вечерен термин | Collector
ГРК Охрид ќе игра за трофејот во Европскиот Куп во вечерен термин
Kurir

ГРК Охрид ќе игра за трофејот во Европскиот Куп во вечерен термин

Европската ракометна федерација ги потврди термините за финалето во Европскиот куп, а Македонија повторно ќе има свој претставник во борбата за трофејот каде ГРК Охрид ќе се сретне со унгарската екипа Татабања во големото финале. Според ждрепката, охриѓани први ќе гостуваат во Унгарија. Првиот финален натпревар ќе се одигра на 24 мај со почеток од 17:00 часот во Татабања. Реваншот е закажан една недела подоцна во салата „Билјанини извори“, каде што Охрид на 31 мај од 20:00 часот ќе ја пречека унгарската екипа. Македонскиот ракомет и минатата година имаше причина за славје во ова натпреварување, откако трофејот заврши кај Алкалоид, а сега Охрид ќе се обиде да го повтори тој успех.

Go to News Site