Collector
Колач од лимон: Пролетно сочен за вистинско уживање | Collector
Колач од лимон: Пролетно сочен за вистинско уживање
Kurir

Колач од лимон: Пролетно сочен за вистинско уживање

Колачот од лимон е класика на секоја пролетна сезона и е идеален десерт во кој ќе уживате. Иако многу слаткарници имаат своја верзија на овој популарен десерт, авторката на популарниот блог „Jane's Patisserie“, Џејн Дан, го откри својот креативен рецепт за овој колач. Тајната за подготовка на овој колач е скриена во додаток од овошје кој дава единствена нота и сочност, а тоа се боровинките. Џејн тврди дека комбинацијата од лимон и боровинка се покажала како хит во многу од рецептите што ги подготвила. Состојки: 225 грама путер 225 грама шеќер 225 грама брашно 50 грама мелени бадеми четири јајца кора од два лимона 150 грама свежи боровинки 150 грама шеќер во прав сок од еден лимон Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете правоаголен сад за печење со хартија за печење. Во голем сад, изматете го омекнатиот путер и шеќерот додека смесата не стане лесна и кремаста. Додадете го брашното, мелените бадеми, јајцата и ренданата кора од лимон и повторно измешајте сè додека состојките не се соединат. Конечно, со шпатула измешајте ги боровинките во смесата, внимавајќи да не ги згмечите. Рамномерно распоредете ја смесата во подготвениот калап и израмнете го горниот дел. Печете во загреана рерна 45 до 55 минути. Проверете дали колачот е испечен со  чепкалка за заби во средината. Оставете го испечениот колач целосно да се олади во калапот пред да го прелиете со глазурата. За глазурата, измешајте шеќер во прав и сок од лимон во мал сад. Мешајте додека не добиете густа, мазна паста. Прелијте ја глазурата врз изладениот колач. Пред сервирање, можете дополнително да го декорирате колачот со свежа кора од лимон и боровинки. Уживајте во вкусен пролетен десерт.

Go to News Site