Kajgana
Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула Филип Здравески 11.05.2026 / 20:46 Фудбал Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го објави долгиот список од 55 играчи за Светското првенство 2026, меѓу кои се Лео Меси, Лаутаро Мартинес и Нико Пас, но не и Пауло Дибала. Аргентина е актуелен светски шампион, откако го освои трофејот во 2022 година во Катар, и влегува на овој турнир во Канада, САД и Мексико како еден од фаворитите. Нема недостаток на таленти од кои може да се избере, а на спиоскот има и од домашното првенство. Скалони го искористи до максимум правилото на ФИФА репрезентациите на прелиминарниот список да може да стават меѓу 35 и 55 фудбалери. Дури 11 играчи кој се најдоа на спиокот се дебитанти. Лаутаро Мартинес не е под знак прашалник. Напаѓачот на Интер и најдобар стрелец во Калчото беше клучна фигура во нивниот триумф на Копа Америка пред две години. На списокот е и младиот Нико Пас од изненадувањето Комо, како и плејада други фудбалери што ќе се борат за место на Мундијалот на списокот од кој половина треба да отпаднат. Но, ветеранот од Рома, Пауло Дибала, не се најде на овој проширен список, што значи дека Светското првенство ова лето ќе го гледа на телевизор. Дибала штотуку го заврши враќањето од повреда и го имаше својот прв старт од 25 јануари, но тоа не беше доволно за да го убеди Скалони. Вклучен е и Џанлука Престиани, крилниот напаѓач на Бенфика кој моментално е суспендиран поради наводни расистички навреди кон Винисиус од Реал Мадрид за време на натпревар од Лигата на шампионите. Лионел Меси е исто така таму, иако легендата која сега е во Интер Мајами сè уште не потврдила дека сака да биде на Светското првенство за Аргентина. Долгата листа на Аргентина за Светското првенство: Голмани : Емилиано Мартинес - Астон Вила (Англија) Херонимо Ружи - Олимпик Марсеј (Франција) Хуан Мусо - Атлетико (Шпанија) Валтер Бенитес - Кристал Палас (Англија) Факундо Камбесес - Расинг Сантјаго Белтран - Ривер Плејт Одбрана : Агустин Џај - Палмејрас (Бразил) Гонсало Монтиел - Ривер Плејт Науел Молина - Атлетико (Шпанија) Николас Капалдо - Хамбургер (Германија) Кевин Мак Алистер - Унион Сен Жилоаз (Белгија) Лукас Мартинес Куарта - Ривер Плејт Маркос Сенеси - Борнмут (Англија) Лисандро Мартинес - Манчестер Јунајтед (Англија) Николас Отаменди - Бенфика (Португалија) Херман Пецела - Ривер Плејт Леонардо Балерди - Олимпик Марсеј (Франција) Кристиан Ромеро - Тотенхем (Англија) Лаутаро Ди Лоло - Бока Жуниорс Саид Ромеро - Хетафе (Шпанија) Факундо Медина - Олимпик Марсеј (Франција) Маркос Акуња - Ривер Плејт Николас Таљафико - Лион (Франција) Габриел Рохас - Расинг Средина : Максимо Пероне - Комо (Италија) Леандро Паредес - Бока Жуниорс Гидо Родригес - Валенсија (Шпанија) Анибал Морено - Ривер Плејт Милтон Делгадо - Бока Жуниорс Алан Варела - Порто (Португалија) Есекиел Фернандес - Баер Леверкузен (Германија) Родриго Де Пол - Интер Мајами (САД) Есекиел Паласиос - Баер Леверкузен (Германија) Енцо Фернандес - Челси (Англија) Алексис Мак Алистер - Ливерпул (Англија) Џовани Ло Селсо - Бетис (Шпанија) Николас Домингес - Нотингем Форест (Англија) Емилиано Буендиа - Астон Вила (Англија) Николас Пас - Комо (Италија) Франко Мастантуоно - Реал Мадрид (Шпанија) Тиаго Алмада - Атлетико (Шпанија) Томас Аранда - Бока Жуниорс Џулиано Симеоне - Атлетико (Шпанија) Клаудио Ечевери - Жирона (Шпанија) Џанлука Престиани - Бенфика (Португалија) Напад : Сантјаго Кастро - Болоња (Италија) Лаутаро Мартинес - Интер (Италија) Хосе Мануел Лопес - Палмејрас (Бразил) Хулиан Алварес - Атлетико (Шпанија) Матео Пелегрино - Парма (Италија) Лионел Меси - Интер Мајами (САД) Николас Гонсалес - Јувентус (Италија) Алехандро Гарначо - Челси (Англија) Матиас Соуле - Рома (Италија) Валентин Барко - Стразбур (Франција) Секоја репрезентација мора својот конечен список од 26 играчи да го предаде во ФИФА најдоцна до 2 јуни. Измени потоа се дозволени само во случај на повреда. Аргентина е во групата Ј каде ќе игра против Алжир, Австрија и Јордан. Аргентина фудбал Лионел Скалони СП 2026 Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site