Collector
ВИДЕО: Роботот Махоло ја отвори новата ера во медицината во Јапонија | Collector
ВИДЕО: Роботот Махоло ја отвори новата ера во медицината во Јапонија
Kurir

ВИДЕО: Роботот Махоло ја отвори новата ера во медицината во Јапонија

„Универзитетот во Токио отвори лабораторија во која роботи спроведуваат медицински експерименти кои претходно ги изведувале луѓе, а целта е постепено да се автоматизира речиси целиот процес на научното истражување. Во Центарот за иновации по роботиката се сместени 10 роботи, меѓу кои и хуманоидниот модел наречен Махоло Лабдроид (Maholo LabDroid), без човечко присуство“, пренесоа јапонските медиуми. Универзитетот има намера долготрајно да го зголеми бројот на роботи, со цел да воведе напредни системи за автоматизација и вештачка интелигенција во истражувачките процеси. Според првичните информации, роботите опремени со две механички раце можат да извршуваат исклучително прецизни и чувствителни задачи, меѓу кои пренесување точно одредени количини реагенси, како и ракување со лабораториска опрема со контролирана температура при поставување и отстранување предмети. Процесот на култивирање на клетки, кој веќе е претходно програмиран, исто така може целосно да се изведува автоматски без човечка интервенција. Планот на универзитетот е до 2040 година бројот на роботи да се зголеми на околу 2.000, при што тие би ги извршувале речиси сите фази од истражувачката работа - од генерирање научни хипотези, па сè до нивна експериментална проверка и верификација. -Сакаме јапонската наука да ја направиме најдобра во светот, изјави директорот на центарот, Кеиџи Накајамана, за време на церемонијата на отворање на објектот.Тој додаде дека вештачката интелигенција и роботиката претставуваат значајни алатки за постигнување на оваа цел. Интересно е што роботите учествуваа и во самата церемонија на свеченото отворање, вклучително и во симболичното сечење на лентата, заклучи Накајамана. „Овој потег доаѓа во период кога научно-истражувачките институции се соочуваат со сериозни предизвици, меѓу кои недостиг на работна сила и потреба од намалување на човечките грешки во експерименталната работа“, известија јапонските медиуми. Роботот Махоло претходно беше претставен и во болницата во градот Кобе, во западниот дел на Јапонија, специјализирана за офталмологија.

Go to News Site