Kurir
Маскирана група од неколку лица, вооружени со тешко оружје претпладнево извршиле грабеж во филијала на банка во градот Като Титотреа во централна Грција и процените се дека одзеле околу 200.000 евра, по што побегнале, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објавија грчките медиуми, групата била добро организирана, најверојатно во филијалата влегле тројца, маскирани со капи, перики и маски, а четвртиот ги чекал во возилото со кое побегнале. Според државната новинска агенција АНА-МПА, откако влетале во банката, од вработените и клиентите, побарале да легнат на земја, а едниот од разбојниците, вооружен со калашников, ги држел под контрола, додека вториот, исто така под закана со оружје, одвел еден од вработените во подрумот, каде што се наоѓале сефовите на банката и оттаму одземал околу 200.000 евра. Откако ги зеле парите, третиот член на групата се појавил на влезот на банката, исто така вооружен со калашников, со цел да им помогне на соучесниците во бегството. По извршувањето на грабежот што траел околу 20 минути, сторителите побегнале со возило, кое веројатно е украдено, а во тек е акција на полицијата за нивно пронаоѓање.
Go to News Site