Kurir
Сексуалното насилство било „систематски и интегрален дел“ на нападот и во натамошниот третман на заложниците во активностите на Хамас во октомври 2023 година, се наведува во Извештај изготвен од независна израелска комисија. Израелската Цивилна комисија за злосторствата од 7 октомври во обемен документ на околу 300 страници наведува дека постоеле сериозни форми на злоупотреба на жени и деца, меѓу кои силувања, групни силувања, сексуална тортура, принудно соблекување и осакатување. Комисијата тврди дека такви дејствија се случувале на повеќе локации и во различни фази од нападот. Во извештајот уште се посочува дека биле идентификувани 13 повторувачки обрасци на злоупотреба, како и дека дел од злосторствата биле снимани и дистрибуирани преку Интернет. Според извештајот, доказите се базираат врз сведоштва на преживеани, видео и фотографски материјали, форензички анализи и геолокациски податоци. Комисијата тврди дека материјалите биле проверувани и вкрстено анализирани во текот на повеќегодишната работа. Израелската страна наведува дека нападот на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 и киднапирани над 250 лица, бил „невиден терористички напад“. Еврејската држава на нападот одговори со воена офанзива врз Газа, што доведе до продолжен конфликт и тешка хуманитарна криза. Хамас ги отфрла наводите за сексуално насилство за време на нападот.
Go to News Site