Collector
Уапсен скопјанец, пукал со пиштол од автомобил во Аеродром | Collector
Уапсен скопјанец, пукал со пиштол од автомобил во Аеродром
Kajgana

Уапсен скопјанец, пукал со пиштол од автомобил во Аеродром

Уапсен скопјанец, пукал со пиштол од автомобил во Аеродром Александра Спасеска 12.05.2026 / 13:40 Хроника Полицијата уапси скопјанец кој пукал во воздух со сигнален пиштол на територија на општина Аеродром. Според информациите на МВР, вчера е уапсен Ф.Д. (27) од Скопје затоа што истиот ден околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не поседувал дозвола. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off

Go to News Site