Kajgana
Новата Olympus урда носи вкусен Instagram предизвик, патување и многу награди! Филип Здравески 12.05.2026 / 14:55 Рецепти Имаш омилен рецепт? Сакаш да експериментираш со нови вкусови? Обожаваш кога храната е вкусна, лесна за подготовка и добра за тебе? Тогаш ова е предизвик за тебе! Olympus има нов вкусен предизвик за сите љубители на креативни рецепти, здрави навики и добри гастрономски идеи. Главната ѕвезда е новата урда – најновиот производ во Olympus семејството, подготвена од сурутка по традиционален рецепт, со нежен, свеж и благо сладок вкус, лесно кремаста текстура и природен состав без вештачки конзерванси. Она што ја прави уште подобар избор е тоа што е богата со протеини – дури 56 гр протеини по пакување, односно 14 гр на 100 гр. Затоа е одлична за активни луѓе, спортисти, семејства, но и за сите што сакаат вкусна, избалансирана и практична исхрана. А најдобриот дел? Olympus урдата може да се вклопи речиси во сè – од брз појадок и лесна ужина, до пити, палачинки, салати, намази, здрави чинии и традиционални десерти. Токму затоа Olympus те предизвикува: што би подготвил/а ти со новата Olympus урда? За да учествуваш во giveaway предизвикот, потребно е да го заследиш профилот @olympusfoods_mk , да го лајкнеш официјалниот пост , во коментар да напишеш кој рецепт би го подготвил/а со Olympus урдата и да тагнеш пријател/ка што би сакал/а да се приклучи во предизвикот. Најкреативните и најсреќните учесници ќе добијат вредни награди – ваучер за патување и пакети полни со Olympus урда и алатки за во кујна. Предизвикот трае до 14 мај, а добитниците ќе бидат објавени на 15 мај. Новата Olympus урда е веќе достапна во маркетите „Рамстор“, „Веро“, „Кит-Го“, „Ла Нои“ и онлајн маркетот „Пакет“. Посети го најблискиот маркет, пробај ја новата урда и приклучи се во највкусниот предизвик оваа сезона. Автор/Извор Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site