Tocka
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележување на 25-годишнината од нивното делување. Тие разговараа за тековните активности, достигнувања и предизвиците во поддршката на деца без родителска грижа и младите лица во ризик. На состанокот беше потенциран значајот на психосоцијалната помош за младите по напуштањето на згрижувачкиот систем и потребата од партнерство помеѓу институциите и граѓанскиот сектор за создавање трајни решенија во грижата за децата и младите.
Go to News Site