Kurir
Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. Галерија, објавува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој додава дека галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот со свлечиштата на автопатот Охрид - Кичево. На автопатот Кичево-Охрид се предвидени полуотворени заштитени конструкции, односно галерии. На овој автопат се предвидени 14 галерии, кои ќе функционираат всушност како бетонски „покриви“ над патот, при што доколку има одрони, материјалот нема да падне дирекно на коловозот и сообраќајот ќе биде побезбеден.
Go to News Site