Kajgana
Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао, ќе го води на Светско ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО Филип Здравески 12.05.2026 / 20:41 Фудбал Дик Адвокат, 78-годишниот холандски тренер, ќе се врати на клупата на Курасао, централноамериканската островска нација која обезбеди деби настап на Светското првенство, пишува холандскиот јавен сервис NOS. Курасао обезбеди историски пласман на Светското првенство како најмала земја што некогаш го сторила тоа, а токму 78-годишниот холандски стручњак имаше голема заслуга за тој успех. Адвокат мораше да се повлече од функцијата селектор претходно оваа година поради тешката болест на неговата ќерка, а го наследи Фред Рутен. Рутен немаше најдобар почеток на својот мандат губејќи ги мартовските пријателски натпревари против Кина со 2:0 и Австралија со 5:1, па челниците на федерацијата одлучија да не му дадат доверба за Светското првенство. Адвокат, доколку води натпревари во Северна Америка, ќе стане најстариот селектор во историјата на светските првенства. Рекордот моментално го држи Ото Рехагел, кој ја предводеше Грција на Светското првенство во 2010 година на 72-годишна возраст. Курасао ќе игра во групата Е, во која се и Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска. Адвокат е тренер со богата кариера кој ја предводеше Холандија во три наврати како селектор. Беше и селектор на Србија, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Белгија, Ирак и Јужна Кореја. Од холандските клубови, ги предводеше Фејнорд, АЗ и ПСВ во неколку наврати. Сепак, беше шампион на Холандија само еднаш, со ПСВ во 1997 година. Во 2008 го освои Купот на УЕФА со руски Зенит. Курасао СП 2026 Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site