Collector
Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање | Collector
Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање
Kajgana

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање Филип Здравески 12.05.2026 / 20:56 Македонија Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен ветер, додека долж Повардарието ќе преовладува северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 20. Според прогнозата, и во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site