Collector
Променливо облачно време со услови за краткотраен пороен дожд | Collector
Променливо облачно време со услови за краткотраен пороен дожд
Kurir

Променливо облачно време со услови за краткотраен пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Go to News Site