Kajgana
Вемби ги предводеше Спарс до победа над Минесота, на еден триумф се од финалето на Западот НБА 2025/2026 ПЛЕЈОФ Филип Здравески 13.05.2026 / 08:47 Кошарка Сан Антонио Спарс ја победи Минесота со 126:97 во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција, поведувајќи со 3-2 во серијата од четири добиени натпревари. Виктор Вембанјама постигна 27 поени со 17 скокови и 5 асистенции, по него следуваше Келдон Џонсон со 21 поен и 2 скока, додека Де'Арон Фокс додаде 18 5 пет асистенции и 4 скока. Стефон Кесл го заврши натпреварот со 17 поени, 6 асистенции и 4 скока, додека Дилан Харпер и Девин Васел исто така постигнаа двоцифрен број поени, по 12. Харпер додаде 10 скокови и 2 асистенции, а Васел 3 скока и 2 асистенции. За гостите, Ентони Едвардс беше најдобар со 20 поени, 2 скока и 1 асистенција, додека Џејден МекДениелс и Џулиус Рендл додадоа по 17, а Ајо Досунму го заврши натпреварот со 16 поени, 9 скока и 4 асистенции. МекДениелс додаде 6 скока и 2 асистенции, а Рендл 10 скокови. Наз Рид исто така постигна двоцифрен број поени - 12, со 5 скока и 2 асистенции. Remote video URL Следниот натпревар е во Минесота, каде што Спарс ќе имаат шанса да обезбедат место во финалето на Западната конференција. Закажан е за петок вечер, односно сабота по полноќ во 1:00 часот по македонско време. А, вечер по 2:00 часот по полноќ се игра шестиот меч од серијата меѓу Детроит Пистонс и Кливленд Кавалирс, каде резулотот е 2-2 во партии. Домаќин е Детроит во својата „Литл Сизрс“ арена. Сан Антонио Спарс Виктор Вембанјама Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site