Kajgana
Во најновиот руски напад во Украина загинаа 8 лица, 11 се повредени Филип Здравески 13.05.2026 / 09:24 Свет Во руските напади врз Днепропетровската Област синоќа загинаа 8 лица, а беа повредени 11. Руските сили вчера нападнаа три области речиси 30 пати, објави Українська правда . Во Криви Риг загинаа две лица, 65-годишна жена и 43-годишен маж, додека 4 лица беа повредени, вклучувајќи и деветмесечно бебе. Тројца од повредените се хоспитализирани, од кои 50-годишен маж е во критична состојба. Во Синелниковскиската Област, во населбата Дубовики, загинаа 4 лица, а тројца беа ранети. Две лица ги загубија животите во населбата Николаевка. Населбата е административна единица во Украина што означува село, неколку села или град со свои области. Округот Никопол, исто така, беше цел на напад. „Градот Никопол, како и селата Марханец, Мирове, Покровске и Червонохрихоровка во Никополската Област, беа нападнати. Инфраструктурни објекти, куќи и автомобили беа оштетени. Три лица беа повредени. Едно 16-годишно момче е хоспитализирано во умерена состојба. Уште едно 16-годишно момче и еден 21-годишен маж се на амбулантско лекување“, изјави Олександр Ханжа, началник на Воената администрација на Днепропетровск. Ханжа и Микола Лукашук, началник на Регионалниот совет на Днепропетровск, потврдија дека серија напади врз поширокото подрачје на регионот започнале по 20 часот војна Украина Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site