Kajgana
26 години подоцна Лацио и Интер повторно се борат за куп пехарот КОПА ИТАЛИЈА 2025/2026 ФИНАЛЕ РИМ Филип Здравески 13.05.2026 / 12:34 Фудбал Вечерва Лацио и Интер ќе се соочат со финалето на Копа Италија на стадионот „Олимпико“ во нивно прво меѓусебно финале по цели 26 години. Интер, неодамна крунисаниот шампион на Серија А, се надева дека ќе освои двојна титула со победа вечерва против аутсајдерот Лацио, кој моментално е на деветтото место на табелата во Серија А. Случајно, двата тима се сретнаа во лигата во саботата, а мечот заврши со убедливи 3:0 во корист на „Нераѕурите“. Маурицио Сари призна за време на прес-конференцијата пред финалето дека не е задоволен од играта што ја покажаа неговите играчи во текот на викендот, а извештаите пред натпреварот покажуваат дека веројатно ќе направи неколку промени во составот. Sky Sport Italia сугерира дека Сари би можел да ги смени сите тројца негови почетни играчи за врска, а Патрик, Кенет Тејлор и Тома Башиќ се надеваат дека ќе се вратат во почетните единаесет. Се очекува Матиа Ѕакањи повторно да биде достапен по неодамнешната повреда на стапалото и веројатно ќе се врати во предната тројка заедно со Густав Исаксен. ⚪️ ????? ??? #LazioInter #CoppaItaliaFrecciarossa #AvantiLazio pic.twitter.com/SqKt5q5BTl — S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) May 13, 2026 Се очекува и Кристијан Киву повторно да ги претстави некои од неговите клучни ѕвезди во првиот тим за вечервашното финале. Мануел Аканџи, Пјотр Желињски, Дензел Думфрис и Федерико Димарко беа одморени во текот на викендот и се очекува овој пат да стартуваат во главниот град. Постоеја сомнежи околу Маркус Турам во подготовките за финалето откако Французинот пријави мускулна повреда во понеделникот, но тренираше со тимот во вторникот и ќе биде повторно проценет подоцна денеска. One more match. Tonight. ᴛᴏɢᴇᴛʜᴇʀ. pic.twitter.com/WVE7Uks9i5 — Inter ⭐⭐ (@Inter) May 13, 2026 За Интер ова е 16-то финале, додека за Лацио е 11-то. „Нераѕурите“ имаат триумфирано 9 пати, додека „Бјанкочелестите“ 7. Интересно, последен пат играле финале еден против друг дури во 2000 година кога финалето уште се играше во два натпревара, дома и гости. Тогаш славеше Лацио откако во Рим победи со 2:1, а во Милано одигра 0:0. За Лацио таа сезона беше двојна титула оти го освои и Скудетото. Почетокот на натпреварот вечерва е закажан за 21:00 часот. Веројатни состави: Лацио (4-3-3): Мота; Марушиќ, Хила, Ромањоли, Нуну Тавареш; Башиќ, Патрик, Тејлор; Исаксен, Нослин, Ѕакањи. Не играат : Проведел (рамо) Неизвесни : / Интер (3-5-2): Ж. Мартинес; Бисек, Аканџи, Бастони; Думфрис, Барела, Желињски, Сучиќ, Димарко; Лаутаро, Турам. Не играат : Чалханолу (лист), Еспозито (грб) Неизвесни : Турам (мускул) Судии: Правдата ќе ја дели Марко Гуида од Помпеја, а ќе му помагаат Стефано Аласио и Џовани Бачини , додека четврти судија ќе биде Лука Ѕуферли . Во ВАР собата ќе бидат главниот Паоло Маѕолени од Бергамо и помошникот Алеандро Ди Паоло . Пренос: Директен пренос за територијата на Македонија ќе оди на каналот Arena Premium 2 . Лацио Интер Копа Италија Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site