Collector
НОВ ПОДРУМ НА ДНОТО: СДС и Венко се гордеат со НАВРЕДИТЕ И КЛЕВЕТИТЕ на одродениот внук на Гоце Делчев?!?! | Collector
НОВ ПОДРУМ НА ДНОТО: СДС и Венко се гордеат со НАВРЕДИТЕ И КЛЕВЕТИТЕ на одродениот внук на Гоце Делчев?!?!
Kurir

НОВ ПОДРУМ НА ДНОТО: СДС и Венко се гордеат со НАВРЕДИТЕ И КЛЕВЕТИТЕ на одродениот внук на Гоце Делчев?!?!

СДС Михајловистичка денеска пак се врати на северните корени и во подрумот на дното. Во најмизерното соопштение во историјата на тазе бугарофилската партија со сиот ум и без срам и перде се повикаа на одродениот внук на Гоце Делчев, бугарофилот Христо Христов, со кого Венкослав Филипчев (новото име на Заев Трети, т.е. Венко Филипче) се кити и гордее. Не бадијала, народот вика, од она од што умниот се срами, будалата се гордее. Само замислете, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ се борел за ЕУ?!?! „Не бе одроди, им одговорија Макеоднците, се борел за МАКЕДОНИЈА, ајвани непрокопсани.“ Граѓаните бараат во партијата „под итно“ да намалат со конзумацијата на „тоа иљачот на Шмрчко.“ СДС Михајловистичка коај од вчера е СДСБ се врати со песна и на кованицата со северна. „Север да ве однесе“, им порачаа граѓаните во хор. „И поссе се лутат што ги викаат северџани, та тоа е комплимент за вас“ рекоа други. Еве го ДНОТО НА ПОДРУМОТ НА СДС. ПОСТУПИДНО, ПОМИЗЕРНО, ПОАНТИМАКЕДОНСКО И ПОИНФАНТИЛНО НЕШТО НЕ СТЕ ПРОЧИТАЛЕ, 102%:   „ Внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во интервју за бугарските медиуми изрази длабока загриженост и гадење од актуелната ситуација на Балканот и односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој вели: „На моите 63 години не сум видел полоши односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.“ „Ако Гоце Делчев денес го видеше Балканот, како мислите дека би ја оценил ситуацијата меѓу народите за чие ослободување и обединување се бореше? - Со гадење.“ „Потребни се нормални луѓе на двете страни. Кога ќе се најдат вистинските луѓе, ќе се најде и решение. Народот на Балканот заслужува подобар живот.“ Гоце Делчев би се гадел од ВМРО-ОКГ и Мицкоски. Тој се бореше за единство и слобода, а не за поделби и конфликти. Тој се бореше за правда, а не за криминал и корупција. Тој се бореше за иднина, а не за изолација и блокада. Гоце Делчев денес би бил борец за Европска Унија, а не за политика која нè враќа во 90-тите години, политика на поделби и деструкција, политика на воена пропаганда. Денес ВМРО-ОКГ води политика на вештачки конфликти со соседите, на поделби во општеството и на блокирање на европскиот пат. Тие го користат името на Гоце Делчев за своја пропаганда, а истовремено ја држат Македонија како заложник на својата криминална организација. СДСМ продолжува да се бори за вистинските идеали на Гоце Делчев – за единствена, слободна и европска Македонија. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“ срочија цепаниците од Шмрчко & компани, со очебијни нус-ефекти од побелените бироа низ партијата, веројатно во себе гледајќи ги „вистинските луѓе“ кои ги споменува одродот Христов, бескичмени поданици од чие дејствување во минатото и се најдовме на ова дереџе во македонско-бугарските односи кои се резултат на коленичарењето и сервилноста на Заевци и неговите подизведувачи Таче и Венко, дилетанти и квислинзи кои го прифатија небулозниот  и крајно забеган Француски предлог и Втор протокол, апаши кои за да на раат ја пељешат народната каса сменија име на државата, Устав, преамбула, донесоа двојазичност и прифатија и потпишаа се' што не треба. И пак, само едно погодија. Да, „ Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста !“ Дефинитивно, доаѓа. Затоа и сета оваа паника кај Венкослав и стопанот Заев. А, ако не верувате, прашајте го Љупче Путерот, кој да ти бил старт на она што се вика ОДГОВОРНОСТ во Македонија. И престанете да го газите и злоупотребувате во ваши сулуди, хистерични, мизерни, антимакедонски и инфантилни контексти името на македонскиот горостас, не сте достојни ни да го споменете неговото име, безрбетни, субмисивни подлизурковци и коленичарчиња со северна проминенција. Северна и Гоце не одат во ист исказ, дилајли. Дознавме и како е напишано и е дојдено до соопштението, за да биде појасна психоделијата во него. Еве, поачик здравје, како се дошло до оваа мизерна партиска повраќаница: https://www.dailymotion.com/video/x5js1xl Љупчо Цветановски

Go to News Site