Collector
Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка | Collector
Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка
Kajgana

Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка

Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка Филип Здравески 13.05.2026 / 13:51 Фудбал Играчот од средниот ред на Галатасарај, Лукас Торејра, бил претепан пред трговски центар во населбата Касимпаша во Истанбул, а полицијата соопшти дека е приведен еден маж. Поранешниот играч на Арсенал, кој игра во Турција од 2022 година, бил жртва на напад во која се здобил со гребнатини околу левото око. Торејра поднесе формална тужба против осомничениот и бара кривично гонење. Торејра, кој излегувал од кафуле, наводно бил нападнат со тупаници од маж идентификуван како Јусуф Ј. За време на тепачката, интервенирале обезбедувањето и блиските соработници на Торејра, обидувајќи се да спречат ескалација на ситуацијата. На снимката се гледа како напаѓачот одеднаш се приближува кон Торејра, а минувачи интервенираат. Откриено е дека напаѓачот веќе имал криминално досие. Властите, исто така, утврдија дека против осомничениот веќе била издадена забрана за приближување во времето на нападот. Инцидентот се случил во кафуле кое се наоѓало во трговски центар во населбата Касимпаша. Полицијата реагирала и го привела осомничениот, кој се обидел да влезе во такси за да избега од местото на настанот. Torreria'nın ifadesi ortaya çıktı: — Bir erkekle fotoğraf çekildikten sonra başka bir erkeğin yanıma doğru geldiğini gördüm. Onun da fotoğraf çektirmek istediğini düşündüm. — Şahıs yanıma yaklaştıktan sonra aniden kafamın sol tarafına yumruk attı, ne olduğunu anlamadım. —… https://t.co/lh5V07lSBL pic.twitter.com/QnD41bR98B — Haberler.com (@Haberler) May 13, 2026 За време на истрагата, утврдено е дека напаѓачот претходно објавувал заканувачки пораки до Лукас Торејра, објави Haberler. Причина била девојка по име Ипек, со која Уругваецот бил во врска. Торејра пристигна во Галатасарај од Арсенал, а вреди да се напомене дека ја освои титулата во турската Суперлиг во секоја од четирите сезони што ги помина во клубот. Уругваецот го изгуби местото во лондонскиот тим и, по позајмицата во Атлетико и Фиорентина, трајно се пресели на Босфорот, каде што очигледно повторно фудбалски се пронајде. 30-годишниот Торејра има 40 настапи за репрезентацијата на Уругвај и беше во составот на Мундијалите во 2018 и 2022, но нема настап по првенството во Катар. Галатасарај Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site