Kurir
Дали предмалку, македонската јавност посведочи нов, крунски доказ за прекумерната употреба на прихотропни супстанци на Бихаќка? „Ако коза лаже, рог не лаже“ вели северниот сосед на од СДС северизираната држава. Доколку се' уште се сомневате во она што се случува со Шмрчко&company писанието кое следува и во кое во некаков делириум самите театрално и халициногено си поставуваат крајно мизерни реторички прашања и уште поинфантилно си одговараат е најобар начин и корпус деликти за да се уверите во спротивното. Писание, посветено за сите Неверни Томи кои се' уште мислат дека во „државотворната“ партија останал барем некој при здрава свест. Предупредуваме на психотропно-експлицитен материјал, кој не е подобен за оние со пониска толеранција на забеганост и психоделија. Еве, какво урнебесно писание пред малку излезе од кујната на Бихаќка, чии бироа уште пред доаѓањето на Шмрчко не се побелени од брашно. „Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи не сте македонска? А, да… не сте. Правилно кажа Мицкоски! Не може да бидете македонска партија кога половина од вас има бугарски пасоши. Министри, пратеници, директори, членови на семејството на Мицкоски, семејството на Латас – првиот човек за медиуми на премиерот и уредник на Орбановата медиумска мрежа… сите со црвени пасоши на ЕУ. Вие не сте промакедонска. Вие сте про-бугарска партија со бугарско државјанство. Вие не го браните македонскиот идентитет. Вие го користите за да ја блокирате Европа и да ја заштитите вашата криминална империја. Македонска е само онаа партија која се бори Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија, а не изолирана провинција на Орбан и Путин. Вие сте промакедонски колку што е „промакедонски“ човек кој ја спречува европската иднина на својата земја. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега. Нема враќање назад“, пишаа Шмрчковци. И пак погодија со последната реченица. Да, НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД , дефинитивно. Доаѓа време за одговорност за арамилакот и злодејанијата кон Македонија и Македонците во периодот 2017-2024 година. Во соопштението недостигаше уште да пишете: ШТО СИ СЕЕЛ, ТОА ЌЕ СИ ЖНЕЕШ .
Go to News Site