Kajgana
Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани Александра Спасеска 13.05.2026 / 14:49 Хроника На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста на повредите, В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани, во содејство со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off
Go to News Site