Kurir
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го означи отворањето на Народната канцеларија на Претседателот во Скопје. Обновувањето на практиката на отворени канцеларии на Претседателот е во согласност со определбите и ветувањата содржани во програмата на претседателката Сиљановска-Давкова, со цел директен контакт со граѓаните, како и поднесување на претставки, граѓански иницијативи, петиции и предлози од нивна страна. На отворањето на Народната канцеларија ќе присуствуваат претставници од граѓанскиот сектор. Во рамки на настанот, претседателката ќе оствари средба со граѓани, информираа од нејзиниот кабинет.
Go to News Site