Collector
Како пиун на Радев, ставовите и барањата на Филипче не се разликуваат од бугарските и не му смета ни навредливата придавка ,,северномакедонци” | Collector
Како пиун на Радев, ставовите и барањата на Филипче не се разликуваат од бугарските и не му смета ни навредливата придавка ,,северномакедонци”
Kurir

Како пиун на Радев, ставовите и барањата на Филипче не се разликуваат од бугарските и не му смета ни навредливата придавка ,,северномакедонци”

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека политиките на СДСМ кон државните интереси се идентични со позициите на официјална Софија, посочувајќи дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бара итно спроведување на уставните измени без гаранции дека тоа ќе биде последното барање на Бугарија. Во партиското соопштение, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Филипче е „главен лобист за безусловно прифаќање на бугарскиот ултиматум“ и го обвинува дека ја поддржува бугарската агенда во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот. Од партијата наведуваат дека Филипче „нема ништо против“ употребата на терминот „северномакедонци“, како и дека со своите изјави ги минимизира ризиците по националниот идентитет. „Венко Филипче и натаму останува единствениот политичар во Македонија кој е најгласен за уставните измени, без никаква предвидливост во евроинтегративниот пат на земјата и без гаранции дека нема да се бараат други отстапки“, се наведува во соопштението. ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата упати и низа лични обвинувања кон лидерот на СДСМ, оценувајќи дека води „антидржавна политика“ и побара јавно да одговори „дали и со што е уценет од бугарски политичари“.

Go to News Site