Kajgana
ВМРО-ДПМНЕ: Како пиун на Радев, ставовите и барањата на Филипче не се разликуваат од бугарските Филип Здравески 14.05.2026 / 09:47 Македонија Политиката на СДС кон државните интереси е иста со таа на Бугарија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и официјална Софија не се разликуваат во барањата, Венко Филипче исто како и новата бугарска Влада бара итно спроведување на уставните измени и тоа без никакви гаранции дека тие ќе бидат последните. Дека СДС има исти позиции со Бугарија потврдува и самиот Филипче, пиунот на новиот бугарски премиер Румен Радев, со секојдневните негови настапи и изјави. Пиунот на Радев, Филипче освен што е главен лобист за безусловно прифаќање на бугарскиот ултиматум, исто така нема ништо против да бидеме нарекувани Северномакедонци.“ Со тоа, оценуваат во владејачката партија, Филипче станува поголем негатор и штетник на македонскиот народ и Македонија, дури и од неговиот ментор Зоран Заев, како и бугарските власти кои нѐ нарекуваат со навредливи придавки. „Филипче, освен што е главниот лобист на Бугарија во Македонија за внесување на Бугарите во Уставот, а потоа и за менување на идентитетот, јазикот, културата и историјата, тој дури и го брани источниот сосед велејќи дека не ни го негира нашиот национален идентитет. И додека бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова Чамова, вели дека сме Северномакедонци, Филипче, како главен спроведувач на бугарската агенда и верен послушник на Радев, вели дека нема никаков ризик Бугарите да влезат во уставот, ниту пак го загрозуваат нашиот идентитет. Венко Филипче и натаму останува единствениот политичар во Македонија кој е најгласен за уставните измени, без никаква предвидливост во евроинтегративниот пат на земјата и без гаранции дека нема да се бараат други отстапки кои задираат во националниот идентитет.“ Оценуваат дека тоа што Филипче ѝ го должи на македонската јавност е јавно да каже со што е толку уценет од група бугарски политичари, за да води таква антидржавна политика, спротивна на националните и на интересите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ Венко Филипче Македонија Бугарија Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site