Collector
Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром | Collector
Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром
Kajgana

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром Филип Здравески 14.05.2026 / 10:57 Македонија Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата претставува продолжение на успешната есенска акција, велат од Општината. Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Oпштина Аеродром на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат својот стар и дотраен мебел. Акцијата започнува во населбата Мичурин, каде што на 18 и 19 мај (понеделник и вторник) садовите ќе бидат поставени на следните локации: – ул. „Анастас Митрев“, зад паркот до трансформаторот – ул. „Венијамин Мачуковски“, до трансформаторот кај Железничката станица Потоа, на 20 и 21 мај (среда и четврток), жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на: – ул. „Владимир Комаров“ бр. 9, до контејнерите – ул. „Владимир Комаров“ бр. 6-16, зад ТЦ „Скопјанка“ „Граѓаните за сите наредни локации и датуми можат да се информираат на официјалната веб-страница на Општина Аеродром aerodrom.gov.mk, поточно на линкот , каде што е објавен комплетниот план со точни термини и локации. Со оваа акција Општина Аеродром им излегува во пресрет на жителите, овозможувајќи им бесплатно и организирано отстранување на стариот мебел и кабастиот отпад од домовите. Истовремено, се придонесува кон заштита на животната средина и спречување на создавање диви депонии, кои ја загадуваат околината и оставаат лоша слика за општината“, се додава во соопштението. Општина Аеродром Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site