Collector
Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем | Collector
Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем
Kajgana

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем Филип Здравески 14.05.2026 / 12:58 Рецепти Освежителен пијалак кој е лесен за подготовка, a ќе ве тера на чаша плус. Миризливиот и освежителен сок од цветови од багрем е лесен за подготовка, а многу луѓе го сакаат поради неговиот благ вкус и пријатна арома. Највкусен е кога се подготвува од свежо набрани, непрскани цветови. Потребни состојки: 20–25 цветови од багрем 2 л вода 2 лимона 70 гр шеќер (или 30 гр стевиа) 1 кесичка лимонтус Подготовка: Нежно протресете ги цветовите од багрем за да ги отстраните сите нечистотии и инсекти. Не ги мијте ако не се валкани, за да не ја изгубат аромата што ги прави посебни. Истурете вода во голем сад, додадете ги цветовите од багрем и парчињата лимон. Покријте и оставете да отстои 24 часа на ладно место. Трик за уште подобар вкус: За поинтензивна арома, додадете неколку ливчиња нане или малку рендана кора од лимон додека сокот се впива со цветовите од багрем. Следниот ден, процедете ја течноста низ газа или густа цедалка и добро притиснете ги цветовите и лимонот за да го испуштат целиот сок. Додадете шеќер и сок од лимон во процедената течност, а потоа промешајте додека не се растворат целосно. За поздрава алтернатива: Шеќерот можете да го замените со засладувач стевиа. Имајте на ум дека ставиата е поблага од шеќерот, па за замена на 70 гр шеќер трреба да ставите 30 гр стевиа. Или, засладувајте по вкус. Истурете го сокот во чисти стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер. сок рецепт Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site