Kurir
Манчестер Јунајтед ќе започне преговори со тренерот Мајкл Карик пред крајот на сезоната, јави „Скај Спортс“. Разговорите со Карик околу евентуално продолжување на неговиот договор ќе стартуваат пред завршниот натпревар на Јунајтед оваа сезона во Премиер лигата, против Брајтон на 24 мај. Карик седна на клупата на Јунјатед како привремено решение во јануари оваа година, на местото на Португалецот Рубен Аморим. Јунајтед под водство на Карик забележа 10 победи, три нерешени и два порази, и обезбеди место во Лигата на шампиони следната сезона. На две кола до крајот на англиското првенство, Јунјатед е третопласиран на табелата со 65 бодови, шест повеќе од Ливерпул на четвртото и Астон Вила на петтото место
Go to News Site