Kurir
Советот на општина Штип денеска ја почна постапката за продажба на мнозинскиот дел од акции на Фудбалскиот клуб „Брегалница“-Штип, кои во моментов се во сопственост на Општината. На денешната седница на Советот советниците од коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ дадоа зелено светло, односно прифатија да почне постапката за продажба на акциите на ФК „Брегалница“. Советниците од СДСМ денеска на прес-конференција порачаа дека одлуката ја поддржуваат, но побараа постапката да биде транспарентна. Од општинските служби на седницата на Советот на општина Штип појаснија дека интерес за акциите има пројавено германскиот државјанин Соломон Франк Петар.
Go to News Site