Kurir
Полската влада денеска соопшти дека нема индикации за промена во бројноста на американските војници стационирани во земјата, по медиумските извештаи во кои беше посочено за откажување на претходно планирано распоредување американски сили. Портпаролот на полската влада, Адам Шлапка, изјави дека присуството на американските трупи во Полска е уредено врз ротациска основа и оти нема потврда за измени на таквиот модел. „Нема потврда дека тоа се менува на било кој начин“, рече Шлапка. Реакцијата од Варшава следи по изјави на двајца американски официјални претставници дека Пентагон ги откажал плановите за привремено распоредување на околу четири илјади американски војници во Полска.
Go to News Site