Collector
Аеродром во Флорида ќе го носи името на Трамп од 9 јули | Collector
Аеродром во Флорида ќе го носи името на Трамп од 9 јули
Kajgana

Аеродром во Флорида ќе го носи името на Трамп од 9 јули

Аеродром во Флорида ќе го носи името на Трамп од 9 јули Филип Здравески 15.05.2026 / 10:41 Свет Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) објави дека Меѓународниот аеродром „Палм Бич“ во Флорида официјално ќе биде именуван по американскиот претседател Доналд Трамп, почнувајќи од 9 јули. Тоа е најновиот во низата објекти, институции или владини програми што го носат неговото име, велат медиумските извештаи. Министерот за транспорт, Шон Дафи, претходно изјави дека ознаката со три букви на аеродромот ќе биде променет од PBI во DJT, по иницијалите на Трамп. Трамп претходно навести дека аеродромот ќе претрпи големи подобрувања, но не прецизираше кои се тие подобрувања. „Имаме многу планови. Ќе се додадат многу одлични работи за да биде поголем и подобар. Не мислам дека ќе има аеродром некаде во земјата толку добар како вашиот“, рече Трамп. Доналд Трамп аеродром Флорида Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On

Go to News Site