Collector
Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици | Collector
Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици
Kajgana

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици Филип Здравески 15.05.2026 / 13:44 Македонија Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците во Собранието за да ги дооформат предлозите за измени на Законот за основно образование, со кои се предвидува казна за родителите на децата кои се насилни во училиште, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа потврди дека одлуката е веќе донесена и оти овие измени ќе бидат направени во собраниска процедура. Според најавените измени, останува предлогот казната да изнесува 250 евра за секое сторено насилно дело на детето, која ќе треба да ја плати родителот. Министерката Јаневска особено потенцираше дека оваа парична казна ќе се применува и во случаите кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и со останатите надлежни институции. Весна Јаневска врсничко насилство Министерство за образование и наука Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site