Collector
ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул | Collector
ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул
Kajgana

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул Филип Здравески 15.05.2026 / 14:51 Фудбал Репрезентацијата на Македонија дефинитивно на 1 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Турција во Истанбул, потврди денеска ФФМ. Фото: ФФМ Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџолу“, дом на Фенербахче, со почеток во 19:30 часот по македонско време. Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски. Ова е втор договорен контролен натпревар за „Рисовите“ откако претходно бвеше потврдено дека на 29 мај ќе се одигра меч против Босна и Херцеговина во Сараево, исто така учесник на претстојниот Мундијал. Македонија и Турција досега имаат одиграно 8 натпревари, од кои 4 пријателски и 6 квалификациски. Турците се поуспешни со 5 победи, два меча завршиле со реми, додека македонските  фудбалери победиле само еднаш и тоа со 1:0 на пријателска во јуни 2006 година на неутрален терен во Германија. Последниот меѓусебен меч беше во јуни 2017 кога одиграа без голови во Скопје. Македонија фудбал Турција фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро Off

Go to News Site