Collector
Приведен возачот кој вчера со автомобил удри во 13-годишен велосипедист | Collector
Приведен возачот кој вчера со автомобил удри во 13-годишен велосипедист
Kurir

Приведен возачот кој вчера со автомобил удри во 13-годишен велосипедист

Дваесетгодишен возач од Скопје е лишен од слобода, поради тоа што со возило удрил во велосипед управуван од 13-годишник, соопшти МВР. Во СВР Скопје вчера во 16:10 часот било пријавено дека на ул.„Коце Металец“ патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата, како што соопшти МВР, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Go to News Site