Collector
Ѓорѓиевски: Дали некој проба да сокрие чување на диви животни во Скопје? Дете можеше да биде жртва на случката со волкот! | Collector
Ѓорѓиевски: Дали некој проба да сокрие чување на диви животни во Скопје? Дете можеше да биде жртва на случката со волкот!
Kurir

Ѓорѓиевски: Дали некој проба да сокрие чување на диви животни во Скопје? Дете можеше да биде жртва на случката со волкот!

Кога станува збор за случката со волкот, сакам да им се заблагодарам на припадниците на МВР, од каде што ја добивме дојавата. Да им се заблагодарам на граѓаните кои совесно реагираа и пријавија и особено да се заблагодарам на вработените во Зоолошка градина кои реагираа веднаш со успивање на животното, носење до ЗОО и соодветен третман таму на кој подоцна се вклучи Агенцијата за храна и ветеринарство, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во НАТКАСТ на КУРИР. -Тука имаме две клучни прашања. Зошто никој не го спомена моментот дека некое дете можеше да биде жртва поради тоа што некој несовесен скопјанец чувал диво животно дома. Тоа диво животно беше со ланец, со алка околу вратот, што значи некој го чувал дома. И можеше некое дете во парк да настрада поради некој несовесен граѓанин кој смета дека неговиот дом е џунгла. Дека може да чува животни, дека домот му е шума, прашума. Второто прашање е дали некој со обидите да докаже дека тоа не е волк, во јавноста, проба да прикрие неколку позиции во град Скопје каде се парат домашни и диви животни? Јас тоа го спомнав и во Министерството за внатрешни работи, дали некој проба да сокрие некого кој дозволува парење на домашни и диви животни и чува во непосредна близина на централното градско подрачје, во неговиот двор, во објекти, ваков тип на животни? Ова беше свесен обид да се прикрие некој и целата работа да се прикрие во пародија, истакна градоначалникот. Ѓорѓиевски за КУРИР дециден - никој не го пофали брзиот ангажман на МВР и на лицатавработени во ЗОО-Скопје, кои ризикуваа, влегуваа во непосредна близина да го заловат волкот. -Им честитам во името на сите скопјани. Таму можеше жртва да биде некое детенце кое си игра во паркот во Карпош. Тука треба МВР сериозно да си ја сфати работата и да влезе во процес во кој вакви девијантни појави во Скопје ќе ги оставиме зад нас и ќе има сериозни постапувања против поединци кои девијантно се однесуваат, истакна Ѓорѓиевски. Со градоначалникот разговаравме на повеќе актуелни теми.

Go to News Site