Kurir
Силно невреме попладнево го зафати Скопје, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветер и грмежи. На повеќе улици низ градот се забележани задржувања на вода, а сообраќајот се одвива отежнато. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од невремето, додека надлежните апелираат на внимателност и избегнување на непотребни движења во критичните делови од градот. Засега нема информации за посериозни материјални штети или повредени лица. View this post on Instagram A post shared by KURIR.MK (@kurir.mk_official)
Go to News Site