Kurir
Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Одлуката била донесена на денешната вонредна седница на Владата. -Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси. Како Влада и Министерство за финансии обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните, истакнува Димитриеска Кочоска.
Go to News Site