Kurir
Жестока тепачка се случи денеска на протестот на кој студенти Албанци бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик. Пред Министерството за правда, групa млади луѓе, кои според информациите биле учесниците на протест, влегоа во жестока физичка пресметка. Од Министерството за внатрешни работи за Курир потврдија дека по тепачката од страна на полициски службеници приведени се три лица. -Денеска (18.05.2026) околу 17:45 часот полициски службеници од СВР Скопје приведоа три лица македонски државјани пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир, потврдуваат од МВР за Курир. Повеќе детали за целиот случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Go to News Site