Kurir
На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. -Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи, соопштуваат од партијата. На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за нов портпарол на партијата е избран Валентин Манасиевски. Манасиевски е долгогодишен активист на ВМРО-ДПМНЕ, кој својот партиски активизам го има започнато во структурите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Има завршено високо образование на Филозофскиот факултет при УКИМ, а моментално е мастер студии на УГД во Штип. -ВМРО-ДПМНЕ со овие кадровски решенија ја гради иднината на државата, како на локално, така и на централно ниво, велат од партијата. Во прилог, новите претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. ИЕ 1 1. ОК Карпош – Тони Јаревски 2. ОК Кисела Вода – Иван Живковски 3. ОК Македонски Брод – Бисера Златеска 4. ОК Аеродром – Дејан Митески 5. ОК Центар – Сергеј Попов 6. ОК Сопиште – Јане Мицевски 7. ОК Студеничани – Кенан Абди 8. ОК Сарај – Мартин Стојановски ИЕ 2 1. ОК Чаир – Ѓоко Велковски 2. ОК Бутел – Дарко Костовски 3. ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски 4. ОК Гази Баба – Зоран Коцевски 5. ОК Куманово – Филип Филиповски 6. ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски 7. ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски 8. ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир ИЕ 3 1. ОК Зелениково – Дејан Димишковски 2. ОК Зрновци – Виктор Анакиев 3. ОК Чешиново Облешево – Славе Донев 4. ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски 5. ОК Петровец – Драгана Узелац 6. ОК Велес – Игор Здравковски 7. ОК Чашка – Трајче Мишкоски 8. ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски 9. ОК Лозово – Стојан Пешевки 10. ОК Свети Николе – Бојан Митев 11. ОК Штип – Душко Иванов 12. ОК Карбинци – Гордана Барбашка 13. ОК Кочани – Александар Андов 14. ОК Виница – Александар Јованов 15. ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков 16. ОК Делчево – Иван Гоцевски 17. ОК Пехчево – Миле Гошевски 18. ОК Берово – Столе Каракутовски 19. ОК Крива Паланка – Емил Спасовски 20. ОК Ранковце – Даниел Павловски 21. ОК Кратово – Љупчо Спиров 22. ОК Пробиштип – Тони Тоневски ИЕ 6 1. ОК Тетово – Александар Велјановски 2. ОК Гостивар – Мартин Андоновски 3. ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска 4. ОК Брвеница – Јовица Илиевски 5. ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски
Go to News Site