Collector
Облачно и нестабилно време со локален пороен дожд | Collector
Облачно и нестабилно време со локален пороен дожд
Kajgana

Облачно и нестабилно време со локален пороен дожд

Облачно и нестабилно време со локален пороен дожд Александра Спасеска 19.05.2026 / 09:31 Македонија Следува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови. До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Денеска, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), локално во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 км/час). временска прогноза Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site