Collector
Како македонските филмаџии ќе ќарат од новиот закон за игри на среќа? | Collector
Како македонските филмаџии ќе ќарат од новиот закон за игри на среќа?
Kajgana

Како македонските филмаџии ќе ќарат од новиот закон за игри на среќа?

Како македонските филмаџии ќе ќарат од новиот закон за игри на среќа? Александра Спасеска 19.05.2026 / 11:33 Македонија Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја поздравува одлуката за усвојување на предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри, кој влегува во Собраниска процедура, а со кој се предвидува Агенцијата за филм да добива 3% од уплатените давачки од игрите на среќа. „Ваквиот потег на Владата недвосмилено покажува голема поддршка и препознавање на успехот кој години наназад го постигнуваат македонските филмови и покажува силна решеност за поттикнување и зајакнување на развојот на филмската дејност во Македонија. Овој механизам ќе овозможи уште поголема и посистематизирана поддршка на домашната филмска продукција и меѓународните копродукции, исплата на заостанатите долгови, како и повторно отворање на конкурсите за пишување на сценарио, развој на проекти, пост-продукција, промоција и ТВ серии“, велат од ДФРМ. Од таму велат дека првпат чувствуваат дека нивната работа е видена и препознаена. „Ние филмаџиите, после многу години борба и апелирање за состојбите во дејноста, за прв пат чувствуваме дека нашата работа е видена и препознаена, а нашиот глас слушнат од страна на државата, за што сме благодарни. Друштвото на филмските работници на Македонија останува на располагање на Агенцијата за филм и сите останати државни институции за соработка и стручна консултација за понатамошен развој на филмската дејност“, се наведува во соопштението. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site