Kurir
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Ѓорче Петров. Од таму информираат дека поради уличен дефект ф-400 на улицата Лука Геров бр.38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Go to News Site