Collector
ЈП Лајка и Општина Ѓорче Петров организираат теренска акција за заловување и третман на кучиња без ушна маркица | Collector
ЈП Лајка и Општина Ѓорче Петров организираат теренска акција за заловување и третман на кучиња без ушна маркица
Kurir

ЈП Лајка и Општина Ѓорче Петров организираат теренска акција за заловување и третман на кучиња без ушна маркица

ЈП Лајка во соработка со Општина Ѓорче Петров организира теренска акција за заловување и третман на кучиња кои не се обележани со ушна маркица, информираше денеска градоначалникот на општината, Александар Стојкоски. Тој посочи дека комбето со заловувачкиот тим ќе биде присутно овој четврток од 17:00 до 19:00 часот пред ООУ „Тихомир Милошевски“. „Ги повикуваме сите жители кои во својата околина забележале бездомно куче без ушна маркица, или се во можност да донесат такво куче, да соработуваат со нашите тимови со цел истото да биде соодветно третирано согласно програмата на ЈП Лајка. Нашите екипи ќе бидат достапни и за информации, како и за теренско постапување доколку кучињата се наоѓаат во непосредна близина на локацијата“, истакна градоначалникот. Предност ќе имаат граѓаните кои по завршување на третманот ќе покажат интерес за вдомување на кучето преку ЈП Лајка, со што, како што вели Стојкоски, директно придонесуваат кон одговорно и долгорочно решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Go to News Site